Опозицијата најави нов голем протест во Киев

Украинскиот главен град денеска се подготвува за уште еден нов голем протест. Опозицијата ги повика украинците да излезат на улиците во Киев за да изразат револт против одлуката на претседателот Виктор Јанукович да не го потпише договорот за приближување со ЕУ. На сличен протест минатата недела учествуваа околу 300 илјади демонстранти што преставува најголем протест во Украина од 2004 година за време на Портокаловата револуција.Вчера поранешниот грузиски претседател Михаил Шаакашвили обраќајки им се на околу 20 000 демонстранти во Киев ги повика да продолжат со протестите за да ја однесат нивната земја поблиски кон Европа. Во меѓувреме Киев и Москва негираат дека Јанукович и рускиот претседател Владимир Путин во петокот разговарале Украина да се придружи на царинската Унија предводена од Русија. Портпаролот на Путин изјави дека тема на разговорите била сорботката во енергетиката. Украинските власти на крајот на ноември објавија дека нема да го потишат договор за придружување со ЕУ и дека наместо тоа ќе се свртат кон поблиска соработка со Русија.