Протести поради концертот на Елтон Џон

Руските исламисти денеска протестираа поради вечерашниот концерт во Татарстан на британскиот музичар Елтон Џон и се заканија дека локалните власти ќе бидат одговорни за последиците ако се одржи концертот.
Елтон Џон вечер треба да одржи концерт во Казан ,главниот град на Татарстан каде мнозинското население е муслиманско.
Елтон Џон синоќа имаше концерт во Москва каде жестоко го критикуваше рускиот закон со кој се ограничува хомосексуалната пропаганда.