Република Српска- протестна прошетка на буџетарите

Околу 500 членови на синдикатот на буџетските корисници во Бања Лука учествуваа денеска во протестната прошетка, од зградата на синдикатот до Парламентот, барајќи од јануари следната година да им се платат зголемувањата за уште пет проценти како што претходно им вети Владата.Со владината одлука од јануари оваа година платите на вработените беа намалени за десет проценти. Од средината на годината тие повторно беа зголемени за пет проценти, со ветување дека преостанатите проценти ќе им бидат вратени од јануари 2014. Во предложениот буџет за 2014 меѓутоа за тоа не се обезбедени пари.