ООН загрижени во врска со медицинските капацитети во Сирија

Неколку агенциите на Обединетите Нации упатија повик за заштита на медицинските капацитети и персоналот во завојуваните делови на Сирија.Во заедничкото соопштение организациите наведува дека повеќе од 60 проценти од Сириските јавни болници се оштетени или се надвор од употреба поради војната, додека амбулантите се ограбени или тешко оштетени.Агенцииите нагласуваат дека поради ваквата состојба постои длабока загриженост од сериозни последици за пациентите и здравствениот персонал. Соопштението е објавено од Уницеф и Светската Здравствена организација.