Украина - Владата инсистира за поблиски релации со Русија

Укринската влада инсистира за остварување поблиски релации со Русија, додека демонстрантите продолжуваат да се собираат во централен Киев барајќи поблиски релаци со Европската Унија.
Претседателот Виктор Јанукович кој се врати од пат од Кина, имаше разговори во петокот со претседателот Владимир Путин во Сочи. Украинскиот премиер Микола Азаров изјави дека разговорите се однесувале на потпишување драфт за стратешки партнерски договор со кој треба да се отстранат разликите во трговските и економските политики.
Во Киев во меѓувреме, опозицискиот лидер Витали Клитшко продолжува да им зборува на демонстрантите дека владата на Јанукович ги блокира надежите дека украинците може да живеат во Европските земји. Масовните проевропски демонстрации почнаа да се одржуваат минатиот месец откако Јанукович одби да го потпише договорот за слободна трговија и асоцијација со ЕУ.