Ден на идеи во Владата

Владата на Република Македонија денеска во периодот од 10 до 16 часот во своите простории организира Ден на идеи каде што се присутни претседателот на Владата на Македонија и министерите.Граѓаните кои претходно се пријавиле со свои идеи, директно можат да им ги претстават своите идеи, предлози, мерки и проекти на владините претставници. Проектот Ден на идеите се организира неколку години по ред. Според соопштението од владата целта е активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики.