Обама на погребот на Мандела

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ќе отпатува во идната недела во Јужноафриканската Република за да присуствува на погребот на поранешниот претседател на таа земја Нелсон Мандела кој почина вчера. „Претседателот Обама и првата дама Мишел ќе присуствуваат на меморијалните церемонии во Јужна Африка“, соопшти портпаролот на Белата куќа Џим Керни.