На Русија ќе и требаат по 300 илјади странски работници годишно

Шефот на руската федерална Агенција за миграции Константин Ромодановски соопшти дека на земјата ќе и требаат по околу 300 илјади странски работници годишно со цел да се намалат последиците од загубата на околу 10 милиони работници од рускиот пазар на трудот до 2025 година. Ваквите проценки се базираат врз податоците на Министерството за економски развој. Според него, најдобро би било странските работници да бидат заинтересирани да земат руско државјанство.