АФИС: Прво договор со Бугарија, а потоа преговори со ЕУ

Мнозинството Бугари (56%) сметаат дека Македонија пред да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ треба да потпише договор за добрососедство со Бугарија, покажува анкетата што ја спровела агенцијата АФИС.

Дека Бугарија треба да и помогне на Македонија побрзо да стане дел од ЕУ сметаат 44 проценти, а спротивен став имаат 27 отсто.

Според истата анкета, 63 отсто од испитаниците одговориле дека граѓаните на Република Македонија се Бугари, а спротивно мислење имаат 3,8 отсто.

Околу 66 проценти кажале дека историското наследство е најголемата причина за несогласувањата меѓу двете земји.

Истражувањето е направено по нарачка на Европскиот парламент на иницијатива на бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов. Со него, биле опфатени 1.050 лица на возраст од 18 до 60 години.