Албанија да вложува уште напори за човековите и малцински права

Албанија треба да вложува уште напори за исполнување и гарантирање на основните човекови права и слободи.
Ова го изјави изјави албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, на годишниот прием на ОБСЕ во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права.
Според Бушати има многу да се направи во областите поврзани со пристапот до правдата, независното судство, а предизвик останува стеснувањето на јазот помеѓу носењето на законите и нивното спроведување.