Елтон Џон: концерт за Геј правата во Москва и Казан

Британската поп звезда Елтон Џон денеска ќе одржи концерт во Москва на кој ќе го афирмира прашањето на правата на ЛГБТ заедницата.
Во интервју за Си Ен Ен, тој изјави дека ќе кажел нешто важно за правата на хомосексуалците. Елтон Џон, кој во сабота ќе одржи концерт и во Казан, ќе биде првата интернационална звезда која ќе настапува во Русија по забраната претседателот Владимир Путин за пропаганда на „ нетрадиционалните сексуални односи“.
Водечкиот исламски клерик во Казахстан ги повика муслиманите да го бојкотираат концертот на Елтон Џон.