Времето денеска сончево и студено

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево. Утрово повторно ќе биде студено. Температурата се движи од минус седум до минус два, а дневната од пет до 10 степени. Во Скопје слично време, со утринска температура до минус шест и со дневна до седум степени. Во вечерните и ноќните часови се очекува промена на времето, која ќе се манифестира преку преодно наоблачување со краткотрајни слаби врнежи од снег, особено во западните и северите делови од земјава.