ОН: воено распоредување во Централно Африканската Република

Советот за безбедност на ОН го одобри распоредувањето на неколку илјади војници на Африканската унија и на Франција во Централната Африканска Република, каде што се поголемото секташкото насилство меѓу муслиманите и христијаните се заканува да прерасне во геноцид.
Според едногласната резолуција на Советот за Безбедност таму ќе бидат испратени 3600 војници на Африканската унија и околу 1.200 француски војници кои треба да ја вратат безбедноста и да ги заштитат цивилите.
Советот за безбедност, исто така, наметна ембарго за оружје и побара генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, да се воспостави истрага за кршење на човековите права. Централна Африканска Република е сиромашна, но богати со минерали земја во која мнозинство од 4,6 милиони луѓе се христијани.
До немирите дојде откако муслиманските бунтовници ја презеде власта во март годинава.