Синдикалците протестираа во Загреб

Загреб

Во Загреб се одржа синдикален протест против промени во законот за работни односи. Организаторите на протестот, во кој според оценка на полицијата учествувале над илјада лица, ја обвинија Владата за „неспособност и социјална бесчувствителност“, повикувајќи ја да почне преговори со синдикатот и да го повлече предлог-законот за измени на кодексот на труд.
Синдикалните лидери ја предупредија Владата дека „народот, кој ја избрал, може и да ја собори од власт“
Синдикалците истакнаа дека новиот предлог-закон ја ограничува улогата на синдикатите и колективните договори, им дава на работодавците право да го зголемуваат работното време, да го ограничуваат правото на штрајк и предвидува зголемување на возраста за пензионирање од 65 години на 67 за мажи и за жени.
Предлог-законот требаше денеска да биде разгледан во Парламентот, но беше повлечен од парламентарна процедура.