Венизелос и Кери разговарале за Македонија

„Скопје била главна тема на тет-а-тет разговорот меѓу Евангелос Венизелос и неговиот американски колега Џон Кери во Брисел“, пишува денеска грчкиот весник „Та Неа“, кој не открива за што точно зборувале двајцата министри. Според дипломатски извори, Кери веднаш побарал средба по говорот на Венизелос на работната вечера на министрите за надворешни работи на НАТО, на која се дискутираше за проширувањето на Алијансата, а во тој контекст и за Македонија. Венизелос на вечерата рече дека прашањето за името не е билатерален, туку отворен меѓународен проблем.