ЕК препорачува одново преговарање за Јужен тек

Европската комисија им препорача на сите нејзини членки кои имаат потпишано договори со Русија за гасоводот Јужен тек, повторно да преговараат за условите на договореното. Според комисијата, тие не се согласувале со европската легислатива. Се додава дека тоа нема да значи и прекин на изградбата на гасоводот. Договори за Јужен тек имаат потпишано Бугарија, Хрватска, Унгарија, Грција, Словенија и Австрија, како и Србија која не е членка на Унијата.