Јанкулоска: заеднички треба да се грижиме за безбедноста

министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Безбедноста зависи од сите нас и сите заеднички треба да се грижиме за неа. Полицијата е таа која ги има овластувањата, но без соодветна поддршка од граѓаните резултатите, што ги посакуваме и јавноста ги очекува од нас не можат да бидат задоволителни“. Ова го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес конференција по повод одбележувањето на 9 декември - Денот на превенција. Притоа беше промовиран проектот „Полицијата блиска до граѓаните“.