Попоски на Министерски совет на ОБСЕ во Киев

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на 20-та средба на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Киев. На средбата е предвидено да учествуваат 40-тина министри од 57-те земји членки на најголемата регионална Организација. Министерот Попоски, како што информира МНР, ќе има обраќање во кое ќе се осврне врз поважните прашања кои се третираат во ОБСЕ.