Вестервеле се сретна со демонстрантите во Украина

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле се сретна со украинските проевропски демонстранти на Плоштадот на независноста во Киев. Тој ги посети демонстрантите, како и лидерот на опозицијата и боксерски шампион Виталиј Кличко. Вестервеле изјави дека вратата на ЕУ останува отворена за Украина, иако владата деновиве реши да не ги потпише договорите за асоцијација со Унијата и за слободна трговија, туку да ги приближува односите со соседна Русија.
Ваквата одлука на владата предизвика најголеми протести во Украина по Портокаловата револуција од 2004-та година.
Претходно, тројцата поранешни украински претседатели Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко, изразија поддршка за демонстрантите.