Уапсени 9 босански Срби поради злосторства против човештвото

Деветмина босански Срби, поранешни полицајци, се уапсени под сомнение дека извршиле злосторства против човештвото за време на војната во оваа земја од 1992 до 1995 година. Кабинетот на државниот обвинител соопшти дека деветтемина се осомничени за протерување, депортирање, нелегално затворање, измачување или убивање несрпски цивили меѓу мај и декември 1992-та во систематска кампања против муслиманското и хрватското население.
Седуммина од нив се уапсени во Котор Варош, еден во Билеќа и еден во Требиње.