Критики од САД за човековите права во Кина, Русија и Иран

Сузан Рајс

Советникот за национална безбедност на американскио претседател Барак Обама, Сузан Рајс излезе со нови критики за кршење на човековите права во Кина, Русија и во Иран. Говорејќи на Првиот годишен самит за човекови права во Вашингтон, Рајс наведе дека во Кина се приведуваат продемократски активисти. Таа истакна дека кинескиот народ се соочува со растечки рестрикции на нивната слобода на изразување, собирање и здружување.
Руските власти беа ангажирани во систематски напори за спречување на акциите на граѓанските групи кои протестираат против корупцијата и протекционизмот, како и за стигматизирање на геј-заедницата и за принудување на Украина да работи за руските интереси, истакна Рајс.
Таа призна дека се преговара за иранската нуклеарна програма, но вети дека ќе продолжат санкциите на Вашингтон против прекршувачите на човековите права во Иран, како и поддршката за основните права на сите Иранци.