Азаров: протестите во Киев, дело на провокатори

Украинскиот премиер Микола Азаров на денешната средба во Киев со генерланиот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд оцени дека сегашните протести биле добро организирана провокација. „Во Киев има две ипол илјади луѓе кои ја користат нивната сила, како и способност за да ги провоцираат силите за спроведување на редот“, изјави Азаров, додавајќи дека полицијата прави се за да не употреби сила. Во Киев веќе неколку дена траат протестите на опозицијата откако претседателот Виктор Јанукович во минатата недела одби да ја потпише спогодбата за асоцијација со Европската унија.