ЕУ и Турција со договор за реадмисија

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Европската унија и Турција на 16 декември во Анкара ќе го потпишат договорот за реадмисија, соопшти на прес конференција во Брисел турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Тој изрази очекување дека до три години ќе биде постигнат договор и за олеснување на визниот режим за турските граѓани кои патуваат во ЕУ. „Турскиот народ е дел од европскиот“, изјави Давутоглу. „Денешната одлука е многу важна“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром, а еврокомесарот за проширување Штефан Филе нагласи дека одлуката е резултат на долгогодишен труд.