Попоски: Грција повторно ја префрла топката

„Никаде во критериумите за зачленување во НАТО не е споменато дека треба да го промените името за да бидете дел од Алијансата. Грција повторно ја префрла топката кај земјите членки“. Ова е коментарот на министерот за надворешни рaботи на Македонија Никола Попоски, даден денеска во Брисел, а во врска со информацијата оти Евангелос Венизелос вчера на своите колеги од Алијансата им рекол дека Македонија не влегува во НАТО не поради билатералните односи со Грција, туку поради неисполнување на критериуми на НАТО. „По пресудата на Меѓународниот суд на правдата, многу е јасно лоцирана причината за таквото однесување “, вели министерот Попоски за МИА.