Потребна е доверба меѓу САД и Кина

Американскиот заменик-претседател Џо Бајден изјави дека односите меѓу САД и Кина мора да се базираат врз заемна доверба.

Тој ова го изјави по средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Пекинг. Џинпинг пак изјави дека меѓународната и регионалната ситуација се соочуваат со комплексни предизвици.

Посетата на Бајден на Кина доаѓа по одлуката на Пекинг да воспостави воздушна одбрана зона над спорните острови во Кинеско море што предизвика протести од САД, Јапонија и Јужна Кореја.