Груевски: изгледите за решавање на “името“ се најлоши за иминативе 18 месеци

Изгледите за договор околу грчко-макеоднскиот спор за името на Република Македонија се најлоши во последните 18 месеци, а за било какво пробив би била потребно интервенција од САД и големите сили во Европа, изјави во интервју за Фајненшл тајмс премиерот Никола Груевски. Тој наведува дека владите на Македонија и Грција направиле мал напредок кон компромис кога социјалистот Јоргос Папандреу беше премиер во Атина од 2009 до 2011 година, но овој напредок назадуваше откако конзеративниот премиер Антонис Самарас ја презеде власт во јуни 2012 година. Прашан каков вид притисок смета дека треба да биде направен врз Грција, Груевски вели дека големите сили треба да ја посетат Грција на пресудата на Меѓународниот суд на правдата. На крајот „Фајненшл тајмс“ потсетува дека последниот предлог за името е даден во април годинава од медијаторот Метју Нимиц. Нимиц, пишува магазинот, предложил името да биде Горна Република Македонија и да биде користено на меѓународно ниво, но земјите кои веќе не признале под уставното име да продолжат да го користат во билатералната комуникација. Но, предлогот беше одбиен од Грција која инсистира дека сакаат едно име за севкупна употреба и дадоа предлог за Република Горна Македонија. Грчкиот предлог, пак, беше неприфатлив за Груевски и неговота влада, наведува на крајот од текстот „Фајненшл тајмс“.