Азаров со предупредување до опозицијата во Киев

Украинскиот премиер Микола Aзаров ја предупреди опозицијата да престане да ги крева политичките тензии.

Во истовреме демонстрантите во Киев продолжуваат со барањата за оставка на неговата влада поради непотпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ.

Aзаров ги предупреди и демонстрантите, кои ги блокираат владини згради, дека секој што е виновен за кршење на Уставот и законите ќе се соочи со казна.