Убиен командант на Хезболах во Бејрут

Хезболах

Либанската милитантна шиитска организација Хезболах соопшти дека еден од нивните команданти Хасан ал Лакис бил убиен ноќеска пред неговиот дом во Бејрут. Хезболах не соопшти повеќе детали а за убиството го обвини Израел.