Продолжуваат антивладините протести во Украина

Демонстрантите во Украина останаа распоредени околу владините згради во Киев, откако владата одби да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ. Унијата соопшти дека не планира денеска да се сретне со украинската делегација. Владата претходно навести дека е можно да се одржат нови разговори со ЕУ. Владата на Микола Азаров вчера го преживеа гласањето доверба во Парламентот, но опозициските демонстранти најавија дека продолжуваат со протестите за оставка на владата. Претседателот Виктор Јанукович во меѓувреме е во посета на Кина. Американскиот државен секретар Џон Кери ја поддржа украинската опозиција, и ја повика владата „да го послуша гласот на народот што сака да живее во слобода, можности и просперитет“.