Белата куќа не сака нови санкции кон Иран

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

Белата куќа повторно ги предупреди американските законодавци против воведувањето нови санкции кон Иран, образложувајќи дека тоа може да го поткопа времениот нуклеарен договор меѓу Техеран и светските сили. Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, изјави дека воведувањето нови санкции, дури и ако е предвидено тие да стапат во сила за неколку месеци, може да го наведе Иран да помисли дека Вашингтон преговарал со лоша намера. Иран и шестте светски сили минатиот месец се договорија Иран да запре делови од нуклеарната програма, а за возврат да добие олеснување на санкциите.