Британија го испрати својот прв дипломат во Иран по 2011

Демонстранти упаднаа во британската амбасада во Техеран во 2011 година.

Британската влада го испрати својот прв дипломат во Иран, откако Обединетото Кралство ја затвори амбасадата во Техеран по тензиите во 2011 година. Новиот нерезидентен вршител на должноста амбасадор Ајау Шарма вчера пристигна во Техеран на разговори со претставници на иранското Министерство за надворешни работи. Шарма претходно беше заменик шеф на мисијата во Техеран. Тој рече дека планира редовно да го посетува Иран за да помогне да се подобрат односите меѓу двете земји. Британија ги повлече своите дипломати од Иран, откако демонстранти упаднаа во нивната амбасада во 2011 по заострувањето на меѓународните санкции кон Техеран. Шарма рече дека вчера ја посетил амбасадата за да види каква штета е направена во 2011 година.