Администрацијата остана без повисока плата во декември

Собранието на Македонија го изгласа Законот за изменување на Законот за исплата на платите, по скратена постапка, со кој, наместо во декември годинава, зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор за 5 проценти се одложува за октомври следната година.
Според заменик министерот за труд и социјална работа Ибрахим Ибрахими платите во јавната администрација не можат да бидат зголемени поради светската и европската криза.
Пратеничката група на СДСМ не го поддржа законот, бидејќи, според нив, власта по петти пат одлага зголемување на платите во државната и јавната администрација.