Украинскиот парламент не и изгласа недовреба на владата

Украинскиот парламент денеска го отфрли предлогот да се гласа за доверба на владата на премиерот Микола Азаров. Претходно Азаров се извини за насилното растурање на анти-валдините демонстрации во Киев во изминатиот викенд. Тој истовремено ги повика пратениците да не го повторуваат сценариото од Портокаловата револуција за соборување на државното раководство. Опозицијата бара од владата да си поднесе оставка поради непотпишувањето на спогодбата за асоцијација со Европската Унија, а и денеска, како и во претходните денови, во Украина се одржуваат масовни протести.