Путин формира нова анти-корупциска комисија

Рускиот претседател Владимир Путин формирал ново тело за борба против корупцијата. Претседател на ова тело ќе биде Олег Плокој, кој беше на чело на претседателскиот директорат за државниот персонал. Анти-корупцискиот директорат ќе ги контролира приходите на официјалните личности, трошењето и нивниот деклариран имот. Ова соопштение доаѓа на денот кога е објавен и годишниот индекс за корупцијата во светот, според кој, Русија е рангирана на 127-мо место, во групата земји со високо ниво на корупција.