Папата оствари средба со израелскиот премиер Нетанјаху

Папата Франческо со иралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Папата Франческо се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ватикан и притоа повика на воспоставување на траен мир на Блискиот исток. Според соопштението, во фокусот на разговорите била комплексната политичка и социјална ситуација на Блискиот исток, со особен акцент врз рестартирањето на израелско-палестинските преговори. Нетанјаху го повикал папата да го посети Израел.