Во сирискиот конфликт убиени 126 илјади луѓе

Сирискиот град Алеп

Во сирискиот конфликт до 1 декември имало скоро 126 илјади убиени луѓе, соопшти невладината проопозициска организација Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Британија. Таа апелираше до генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и до меѓународната заедница да ги зголемат нивните напори за завршување на војната во таа земја. Организацијата прецизира дека една третина од убиените биле цивили, додека 28 илјади бунтовници, а 50 илјади припадници на владините сили. Сирискиот конфликт почна во март 2011 година по протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад.