Бугарија поддржува членство на Косово во ОН

бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин

Косово може да смета на поддршката на Бугарија кога ќе поска да стане членка на Обединетите нации. Ова денеска го изјавил бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин по средбата со шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај. „Бугарија ја призна Република Косово како независна држава и досега ги поддржуваше нејзините напори за приклучување во неколку други меѓународни организации. Поради тоа не би имало логика да не го поддржиме косовското членство во Обединетите нации“, рече Винегин.