Попоски од утре во посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре и задутре ќе престојува во работна посета на Брисел каде што ќе има средби со претставници на ЕУ и на НАТО.
Како што информира МНР, министерот Попоски ќе учествува на конференцијата на високо ниво посветена на евроинтеграцијата на балканските држави, во организација на реномираниот тинк-тенк „Пријатели на Европа“ и „Фондацијата Конрад Аденауер“.
Исто така, на покана од Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, министерот Попоски ќе учествува на редовниот годишен состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во ИСАФ формат, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.