Карзаи - Вашингтон врши притисок

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги обвини САД дека ја повлекуваат воената опрема во обид да извршат притисок врз него поради застојот во потпишувањето на билатералниот безбедносен договор.
Во соопштението од канцеларијата на Карзаи се наведува дека "кратењето на дотурот на гориво и услуги за подршка на авганистанската армија и полиција се користи како средство за притисок за да се обезбеди потпишување на Билатералниот договор за безбедност" кој ќе важи по повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан.
Вашингтон ги негираше обвинувањата.