Хрватите гласаа против истополовите бракови

На референдумот што се одржа во Хрватска за амандманите на уставот со кои се забрануваат истополовите бракови победи опцијата„ за“.Референдумот беше резултат на иницијатива на црквата. Референдумот предизвика жестока дебата во земјата. Излезноста беше 37 проценти. Премиерот Зоран Милановиќ рече дека референдумот е тажен и бесмислен и рече дека ќе се заложи за зголемување на средствата со кои ќе се помоге унапредувањето на правата на истополовите бракови.