Киев: опозицијата тврди дека ја зазела зградата на градоначалникот

,

Лидерот на украинската опозициска партија, Свобода тврди дека членови на неговата партија ја зазеле зградата на градоначалникот на Киев откако протестите против владината одлука да го суспендира потпишувањето на договорот за соработка со ЕУ продолжија и денеска. Лидерот на Свобода, Олег Тианибок предводи стотици илјади демонстранти на Плоштадот на независноста во Киев и рече дека членови на Свобода „ја презеле зградата на администрацијата “. Тој исто така повика и на сеопш протест. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите. Извештаите говорат дека на протестите учествувале повеќе од 100 000 луѓе.