Владина делегација во економска посета на Велика Британија и на Франција

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во работна економска посета на Велика Британија и Франција. Премиерот ќе го придружуваат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, кои на бизнис форуми ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Република Македонија.
На форумот во Лондон презентации за инвестициската клима на Македонија ќе одржат и претставници на „Џонсон Мети“ и на „Кемет Електроникс“ корпорацијата.
Премиерот Груевски и делегацијата ќе остварат и средби со македонски иселеници кои живеат или работат во Лондон и Париз.