Активистите бараат истрага од МОК за рускиот анти-геј закон

Шефот на Меѓународниот олимписки комитет се сретна со активисти за правата на хомосексуалците во Париз. Активистите побараа од Томас Бах да започне истрага околу рускиот закон за забрана на„ геј пропаганда“ меѓу малолетниците. Законот е осуден од страна на критичарите и на Запад како дискриминаторски промовирајќи и повици за бојкот на Зимските олимписки игри наредната година во Сочи, Русија. Минатиот месец, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сите луѓе ќе бидат добредојдени во Сочи. Претседателот на МОК го прифати „списокот на прецизни прашања во врска со анти-геј законите , што треба да помогне при истрагата.