Светски ден за борба против СИДА

Сто деведесет и четири случаи на заболени од ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија од 1987 година досега. Од нив 25 годинава, а во 2012 година 23. Болни од СИДА биле 143 а 51се ХИВ позитивни. Од СИДА во Македонија умрело 71 лице.
Според начинот на пренесување на ХИВ, 14 лица се заразиле при хомосексуален однос, 10 при хетеросексуален однос, а во еден случај има пренесување од мајка на плод. Од нив, единаесет се на возраст 20 до 29 години, осум - 30 до 39 години, три-40 до 49 години, и по едно на возраст до шест години, од 50-59 години и над 60 години.
Во Програмата за спречување и појава на ХИВ/СИДА за 2014 година од буџетските средства се одобрени 22 милиони денари за превентивни активности,а голем дел од средствата ќе бидат употребени за набавка на антиретровирусна терапија.