Каиро:демонстрации против новиот закон за забрана на протести

Во Каиро денеска продолжија протестите поради донесувањето на законот со кој се ограничува правото на демонстрации, а полицијата повтoрно употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Сообраќајот во Каиро беше во прекин а продавниците беа затворени. Демонстрациите се одржуваат во знак на протест поради тоа што во вторникот се уапсени 24 лица кои учествувале во демонстрациите за кои не била издадена полициска дозвола.