Растат тензиите во Украина, опозицијата бара предвремени избори

Украинската опозиција побара оставка од владата како и предвремени парламентарни и претседателски избори откако полицијата употреби сила за да ги растера демонстрантите во Киев. Опозицијата исто така рече дека ќе повика на генерален штрајк. Десетици лица беа повредени на плоштадот во Киев откако полицијата употреби палки. По полициската рација, околу 4000 демонстранти се собраа пред блискиот манастир.
Поранешниот премиер, Јулија Тимошенко од затвор порача демонстрантите да не се откажуваат се додека претседателот Виктор Јанукович не се повлече од функцијата. Тензиите во Украина започнаа откако Јанукович , под притисок на Русија одби да ја потпише долгоочекуваната спогодба за асоцијација со ЕУ.