Пакистан: нападнат тим за вакцинирање од полио

Полицијата соопшти дека еден полицаец е убиен откако вооружено лице отворило оган на полициски службеник кој го штител тимот за вакцинирање против детска парализа во северозападниот дел на Пакистан, во близина на градот Пешавар. Уште еден полицаец бил повреден а напаѓачите избегале од местото на настанот. Никој сеуште не ја презел одговорноста за настанот но талибанските милитанти имаат убиено неколкумина полио работници минатата година. Тие ги обвинуваат здравствените работници дека се шпиони кои работат за Вашингтон и дека вакцините се наменети да ги направат муслиманските деца стерилни.