Командантот на Бригадата на ЈИЕ во Скопје

Талат Џафери

Командантот на Бригадата на Југоисточна Европа бригаден генерал Хакан Есер, оствари средба со министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Горанчо Котески. Како што денеска соопшти МО, бригадниот генерал Есер, ја предводи делегацијата од СЕЕБРИГ која зврши евалуација на македонските единици декларирани во оваа бригада. Бригадата е формирана во 1999 година, како резултат на договорот за регионална соработка на полето на одбраната кој го потпишаа министрите за одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија и Турција.