Парафирани спогодбите на ЕУ со Грузија и Молдавија

На денешната церемонија во Вилнус Европската унија ги парафира Спогодбите за асоцијација и слободна трговија со Грузија и Молдавија. Со тоа се отвара патот за овие две поранешни советски републики во иднина да потпишат и формални договори за асоцирање со Унијата. Во Вилнус беше потпишан и договор за олеснување на визниот режим со Азербејџан. Претставници на ЕУ на самитот на Источното партнерство во Вилнус не успеале да ја убедат Украина да го потпише нејзините спогодби за асоцијација и за слободна трговија со ЕУ. Шефицата на европската надворешна политика Кетрин Ештон сепак оцени дека „врата на Европската унија останува отворена“ за Киев и оти се надева на скорашно придвижување на процесот.