Сириската армија ја поврати контролата врз Деир Атија

Сириска армија - архива

Сириската армија ја поврати контролата врз стратегискиот град Деир Атија во близина на границата со Либан, по помалку од една недела откако го превзедоа бунтовниците.
Овој град се наоѓа на автопатот меѓу Дамаск и Хомс, а до акцијата доаѓа во време на меѓународните напори за одржување мировна конференција со цел ставање крај на 32-месечниот конфликт на 22 јануари во Женева.